25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИстекува рокот за поднесување годишна даночна пријава

Истекува рокот за поднесување годишна даночна пријава

ujp-zgrada1222

Рокот за поднесување годишна даночна пријава истекува во вторник. Од Управата за јавни приходи ги повикуваат граѓаните да ги пријават годишните приходи, во спортивно следуваат казни.

Годишна даночна пријава задолжително се поднесува за остварен приход освен плата или пензија или приход од земјоделска/самостојна дејност, приходи од кирии од издавање имот – закуп или подзакуп, авторски права, индустриска сопственост; исплатена дивиденда, капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот, добивка од наградна игра во износ поголем од 5.000 денари, приходи остварени од игри на среќа преку специјализирани странски интернет страни.

Годишна даночна пријава треба да се поднесе и за лични примања од странство, работно ангажираниње во амбасада, мисија на меѓународна организација…, приходи остварени преку интернет како е-трговија, услуги извршени преку специјализирани страни на пример www.freelancer.com, www.upwork.com, поставување реклами на сопствени интернет страни, прогнози на типови за спортски натпревари и други дополнителни приходи, надвор од редовнатa плата или пензија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП