8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСнег, одрони и свлечишта го отежнуваат сообраќајот

Снег, одрони и свлечишта го отежнуваат сообраќајот

odroni 3555

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на повисоките места наместа со остатоци од кашест снег.

Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на граничниот премин Деве Баир и планинскиот превој Ѓавато, а со послаб интензитет на планинските превои Стража, Буково и во Маврово.

Поради интензивни врнежи од снег, воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.

На патниот правец А3 обиколница Битола-Ресен,  поради свлечиште патот е во прекин во двата правци. Како алтернатива, сообраќајот е пренасочен преку градот Битола.

Општинскиот пат с. Долни Полог- с. Облешево пред Кочанска река е во прекин поради прекопан коловоз и е направен канал за одводнување на надојдена атмосферска вода од врнежи на дожд.

На патниот правец Крива Паланка – гр.премин ДевеБаир кај с.Узем поради одрон зафатена е една коловозна лента во должина од 15 – 20 метри. На самото место поставена е соодветна патна сигнализација.

На патниот правец Р1106 Марков Манастир – Брезница на 1 км после клучката за Марков Манастир, поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 10-15 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. Се препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна сигнализација се до целосно расчистување на коловозот.

Поради одрон, сообраќајот по една коловзна лента се одвива и на регионалниот пат  Берово – Виница кај м.в. Обозна,  а поради свлечиште, по една коловзона лената се одвива сообраќајот на патниот правец Делчево – Берово кај с. Нов Истевник.

На патниот правец Куманово-Крива Паланка кај месноста усек с.Страцин има континуирано свлечиште од кал и земја кое зафаќа една лента од коловозот. Се препорачува внимателно возење, прилагодување на брзината и следење на поставената сигнализација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП