17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПожарникарите добиваат бенефициран стаж

Пожарникарите добиваат бенефициран стаж

pozarnikari

Пожарникарите добиваат бенефициран стаж и статус на овластени службени лица од областа на безбедноста што е унапредување во однос на позицијата, објави премалку, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на социјалната мрежа Фејсбук.

Статусот на пожарникарите е решен со закон, што беше нивно барање пред Груевски за време на неговата теренска посета во Охрид во ноември минатата година.

„За време на теренската посета во Охрид која ја имав во ноември минатата година, во рамки на која имав редовни средби со граѓани, вработен во територијалната противпожарна единица ја истакна потребата од законско допрецизирање и регулирање на статусот на пожарникарите во Република Македонија. Тоа беше доволна причина, но и аларм да се изанализира состојбата и да се понуди квалитетно решение“, пишува Груевски.

Појаснува дека е со решението кое беше преточено во закон, а кое овој месец стапува во сила се реши барањето на вработените во сите територијални противпожарни единици кои сега добиваат статус на овластени службени лица од областа на безбедноста што е унапредување во однос на позицијата.

„Со ова се овозможува и поголема заштита при извршувањето на нивните исклучително одговорни и значајни работни задачи и добивање на бенефиции и овластувања кој ги носи повисокиот статус. Покрај ова со законските измени, а согласно комплексноста, тежината и опасноста на работните задачи на пожарникарите, истите добиваат и бенефициран стаж, односно за секои 12 месеци ефективна работа ќе се сметаат 15 месеци стаж на осигурување. Имајќи ја во превид комплексноста на задачите кои ги обавуваат, како и ризикот на кој се изложуваат со оваа најнова измена практично се нуди долгорочно решение во корист на пожарникарите“, пишува Груевски на Фејсбук.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП