22 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдрони го прекинаа сообраќајот кон Ресен и кон Делчево

Одрони го прекинаа сообраќајот кон Ресен и кон Делчево

odroni 3555

Поради одрони на патиштата во прекин е сообраќајот по регионалните патишта од Битола кон Ресен и од Кочани кон Делчево, соопшти АМСМ.

Имено, на патниот правец А3 обиколница Битола-Ресен на 70+300 км поради свлечиште патот е во прекин во двата правци. Како алтернатива сообраќајот е пренасочен преку град Битола.

На патниот правец Кочани – Делчево поради одрон со голема количина на материјал, сообраќајот е во прекин и се работи на расчистување. Како алтернатива може да се користи патот Виница – Смојмирово – Делчево.

Во петок од 17 часот општинскиот пат село Долни Полог- село Облешево пред Кочанска река е во прекин поради прекопан коловоз и е направен канал за одводнување на надојдена атмосферска вода од врнежи на дожд.

Од четвртокот од 13 часот поради одрони на пат на Виничка раскрсница помеѓу село Истибања и село Калиманци блокиран е сообраќајот во двата правци, а се пренасочува преку Виница.

Според информација од ДЦС МВР од 12.20 часот, во петок, на регионалниот пат Берово – Виница кај местото викано Обозна поради одрон на камења сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.

На патниот правец Куманово – Крива Паланка кај село Страцин има свлечиште со кал и земја, со што е зафатена една лента од патот. Се препорачува внимателно возење и следење на поставената сообраќајна сигнализација. Екипите на ЈП Македонија пат интензивно работат на расчистување на свлечиштето и нормализирање на двете ленти за непречено одвивање на сообраќајот.

Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. Магла со видливост од 100 м има на Стража, Крушево и Ѓавато.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово, Кочани-Делчево и Ресен – Буково каде е можна почеста појава на одрони.

Потсетување за возачите дека законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата трае до 15 март 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар