10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветска банка ја обвини Кина за слабиот раст на трговијата

Светска банка ја обвини Кина за слабиот раст на трговијата

кина-виновна-пад

Слабото темпо на раст на кинеската економија и транзицијата во земјата се клучната причина која се крие зад силното забавување на глобалната трговија, соопшти Светска банка.

Глобалната трговија порасна минатата година за 1,7 проценти, што е значително забавување во однос на растот од 3,0 проценти во 2014 година, се наведува во најновиот извештај на Светска банка, а пренесува агенцијата Франс прес.

Таквото забавување на трговијата, која беше еден од клучните мотори на економскиот раст во изминатите години, пред се, е последица на цикличните промени, а особено на кризата на полето на растот на побарувачката за сировини во азиските земји во развој и во Кина, се додава во извештајот.

Зад тоа забавување, според оценките на СБ, се наоѓа почетокот на економската транзиција во Кина и преминот од извозно ориентирана економија во модел кој се базира на домашната потрошувачка.

„Урамнотежувањето на кинеската економија ќе влијае на трендовите во светската трговија“, порача Светска банка.

Во извештајот не се дадени проекции поврзани за растот на светската трговија во 2016 година, но ММФ неодамна изрази голема загриженост во поглед на економските активности и светската трговија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП