29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПсихолог од Харвард: Успехот во било која ситуација зависи од овие 3...

Психолог од Харвард: Успехот во било која ситуација зависи од овие 3 работи

ејми-кади

Ејми Кади можеби во јавноста е најпозната по „позата која ја емитува вашата моќ“. Како што откри таа во својот TED Talk, најважна е поврзаноста на умот и телото…

Присвојувајте го говорот на телото од моќните лица со цел да се чувствувате и однесувате посамоуверено. Таа наведува дека основниот предусов за успехот е да бидете присутни и свесни за случувањата, како и да имате повеќе самодоверба. Без оглед за која ситуација станува збор, кога другите ќе видат дека сте присутни, а не сте „изгубени“ тие веќе имаат подобра слика за вас. И тогаш се гледаат овие три нешта:

1. Верувајте во тоа што го говорите

Кога сте присутни вие покажувате убедување и страст, така што и другите луѓе започнуваат да веруваат во вашата приказна. Спроведена е студија во која испитаниците објаснувале зошто тие се најдобри за одредена работа и тие во разговорот требало да бидат целосно искрени, а испитувачот имал сосема неутрален израз. Оние кои биле искрени, присутни и на кои им се верувало – биле вработени.

2. Бидете полни со самодоверба и без ароганција

Колку помалку ги вклучувате другите и нивните мислења во процесот, толку позатворени сте. Љуѓето не треба да бидат агресивни и ладни. Интеракцијата со другите е клуч за излез од секоја ситуација. Спротивно, се може да личи на тоа дека се обидувате да ја сокриете несигурноста. Ароганцијата е параван за несигурноста. Присутната личност дели и прима совети, а успех има и во интегрирањето.

3. Вашите вербални и невербални комуникации се синхронизирани

Кога работите не се како што треба или кога намерно некого го мамиме, вашите вербални и невербални комуникации не се во склад. Тоа е така затоа што постојано се обидувате да го прилагодите она што го правите и говорите со она што другите сакаат или треба да го видат. Од друга страна, кога сме присутни, нашите вербални и невербални однесувања одговараат едно на друго. Луѓето тогаш не се обидуваат да сфатат зошто нешто не штима туку и се посветуваат на довербата, најважно е да бидете сигурни во себе и другите ќе бидат сигурни во вас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП