16 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИColgate-Palmolive дели над 3.500 откази ширум светот

Colgate-Palmolive дели над 3.500 откази ширум светот

colgate-palmolive-office

Американскиот производител на стока за широка потрошувачка „Colgate-Palmolive“ најави укинување на дополнителни 3,300 до 3,800 работни места ширум светот до крајот на декември 2017 година.

Отказите се планирани во рамките на продолжениот процес за реструктуирање на работењето.

Најголемиот светски производител на паста за заби се соочува со тешките макроекономски услови, како што е, меѓу останатото, силниот долар, пренесува Ројтерс.

„Colgate-Palmolive“ претходно соопшти дека програмата за реструктуирање ќе ја заврши до крајот на тековната година, и дека ќе укине меѓу 2.700 и 3.200 работни места.

Оваа компанија, која повеќе од три четвртини од приходите ги остварува надвор од САД, ги зголеми цените на производите со цел да се избори со силниот долар, што сепак, се одрази на нејзиниот промет во регионите како што е Латинска Америка, која е најголемиот пазар за оваа компанија според обемот на прометот.

Од „Colgate-Palmolive“, исто така, е соопштено дека до крајот на декември 2017 година ќе имаат трошоци пред оданочувањето во висина од 1,41 милијарди долари до 1,59 милијарди долари, што е поголема сума во однос на претходно проектираниот распон на трошоците од 1,28 милијарди долари до 1,44 милијарди долари, наведува британската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП