28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦипрас бара договор за полесна отплата на долгот

Ципрас бара договор за полесна отплата на долгот

cipras-dolg

Грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе побара одложување на исплатата на долгот во преговорите со меѓународните доверители кои се закажани за оваа пролет.

Ципрас наведе дека договорот за олеснување на исплатата на долгот ќе подразбира „значително продолжување на рокот за отплата“ и грејс периодот, што ќе и возможи на Грција конечно да излезе од рецесија и да оствари економски раст близу нулата, наведува агенцијата АП.

Левичарската влада на Алексис Ципрас минатата година побара од меѓународните кредитори отпишување на дел од долговите.

Делегацијата на меѓународните кредитории се врати во средата во Атина на разговори со цел да разговара со грчките власти за понатамошните реформи, за намалувањето на трошоците и реформите во грчкиот пензиски систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП