22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКурсот на еврото се лизна по силниот скок ден претходно

Курсот на еврото се лизна по силниот скок ден претходно

evroооооооооо

Курсот на еврото се лизна во петокот во однос на доларот на меѓународните пазари, откако ден претходно под влијание на новите мерки на Европската централна банка (ECB) и пораките од нејзиниот челник, го забележа најголемиот дневен скок во последните месец дена.

Така, курсот на еврото се лизна за 0,5 отсто во однос на американскиот долар, на 1,1118 долари. Во четвртокот, пак, во еден момент надмина и 1,12 долари, достигнувајќи го највисокото ниво во последните три седмици.

Во иста процентуална добивка доларот беше и во однос на јенот, на 113,74 јени. Со тоа и натаму се држи и доволно далеку од најниското ниво во последните 16 месец, од под 111 јени, на кое се спушти во февруари.

Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската валута во однос на другите шест најзначајни светски валути од земјите најголеми трговски партнери на САД, беше, исто така, во добивка од 0,5 отсто. Со тоа закрепна од поголемите загуби забележани во четвртокот поради јакнењето на еврото, поради што во еден момент се спушти на најниското ниво во рамките на еден месец, од 95,939 поени во текот на тргувањето на американскиот пазар.

Валутните пазари се под впечатокот од новиот сет поттикнувачки мерки на ECB објавени во четвртокот, што вклучува зголемување на износот на месечните купувања обврзници од 60 на 80 милијарди евра месечно и уште подлабоко спуштање во негативната област на каматните стапки на депозитите на банките. Тие мерки во многу ги надминаа очекувањата на учесниците на пазарот, поради што еврото требаше да ослаби.

Меѓутоа, претседателот на ECB, Марио Драги, изјави дека очекува оти централната банка можеби нема да мора дополнително да ги спушта каматните стапки и со тоа поттикна кај вложувачите загриженост дека ECB, како и јапонската централна банка (Bank of Japan – BoJ), полека ги исцрпуваат инструментите со коишто би ги слабееле своите валути и би ја поддржувале инфлацијата.

„Пред неколку месеци, кога би очекувале дека таквите мерки да ги донесат, би мислеле дека еврото ќе ослаби за три отсто. Гледајќи во иднината, тоа не е позитивно за преземање ризик, а веројатно е поволно за еврото, но мораме да видиме какви ќе бидат движењата на валутните курсови во идните неколку дена“, вели Џан Марко Салкиоли, директот на одделот за тргување со валути во италијанската банка „Intesa Sanpaolo Banca IMI“.

Фокусот на пазарите сега ќе биде пренасочен на редовната седница на јапонската централна банка којашто ќе се одржи на 14-ти и 15-ти март. Пазарите не очекуваат дека BoJ нешто ќе менува во актуелната монетарна политика по воведувањето на негативните каматни стапки во јануари, но некои учесници на пазарите шпекулираат дека би можела дополнително да ги намали каматните стапки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП