24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзвештајот на IEA ги поткрепи цените на нафтата близу 41 долар

Извештајот на IEA ги поткрепи цените на нафтата близу 41 долар

nafta 83

Цените на нафтата во петокот на меѓународните пазари се задржаа во близина на 41 долар, поткрепени со оптимистичката оцена на Меѓународната агенција за енергија (IEA) дека можеби е допрено ценовното дно, а дополнителна поткрепа даде и послабиот долар.

На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 67 центи во однос на затворањето на тргувањето во четвртокот и изнесуваше 40,72 долари. На американскиот пазар, пак, се тргуваше со барелот по 77 центи повисока цена, од 38,51 долар.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC), пак, во петокот објави дека цената на барелот референтна кошничка нејзина нафта во четвртокот изнесувала 35,23 долари, што значи дека останала речиси непроменета во однос на претходниот трговски ден.

Цените на нафтата можеби го допреа дното, констатираше IEA во месечниот извештај, додавајќи дека ниските цени почнуваат да влијаат врз производството во земјите надвор од OPEC. „Постојат јасни сигнали дека пазарните сили …. почнуваат да дејствуваат и дека произведувачите со повисоки трошоци го намалуваат производството“, објави IEA чие седиште е во Париз.

Во IEA сега проценуваат дека производството во земјите надвор од OPEC може оваа година да се намали за 750.000 барели дневно, во однос на досега проценетите 600.000 барели дневно. Напомнуваат, исто така, дека постепеното обновување на иранскиот извоз по укинувањето на санкциите е побавно отколку што се очекуваше и не го притиска позначително нафтениот пазар.

Дополнителна поддршка на нафтата даде и послабиот американски долар, притиснат од четврточната најава за нови поттикнувачки монетарни мерки во еврозоната. Послабиот долар ја поткрепува побарувачката, бидејќи ја јакне куповната моќ на увозници. Така, кинескиот јуан достигна најголемо ниво во однос на доларот од почетокот на годинава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП