22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе реновира и Блок А од студентскиот дом „Гоце Делчев“

Се реновира и Блок А од студентскиот дом „Гоце Делчев“

гоце-сту

Пред неколку дена почна и целосната реконструкција на Блок А од студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје, со што треба да се подобрат условите на студентите кои што живеат во овој студентски дом.

Министерот и заменик министерот за образование и наука, Абдулаќим Адеми и Спиро Ристовски, во петок беа на увид на градежните работи кои што почнаа де се одвиваат во студентскиот дом „Гоце Делчев“.

„Во ноември 2015 година беше завршена целосната реконструкција и опремување на блок Б и сите студенти од Блок А се преместени во новите реконструирани простории. Пред неколку дена започна целосната реконструкција на блок А. Вредноста е околу 1,5 милиони евра а рок за изведба е шест месеци“, појасни Адеми.

Се очекува во следниот период да се изврши целосна реконструкција на Блок В и Г, мензата и партерното уредување на комплексот.

„Веќе е започната процедура за изградба на два нови студентски домови: студентскиот дом ‘Невена Георгиева Дуња’ во Скопје и студентскиот дом во Државниот универзитет во Тетово. Двата студентски домови ќе имаат капацитети од 300 односно 350 студенти. Отворањето на документацијата е закажана за 19-ти април“, рече Адеми.

Започната е и постапка за снабдување на студентските домови со нови лифтови и тоадва во студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“, еден во „Никола Карев“ во Охрид, еден во студентскиот дом „Гоце Делчев“ и четири за СД „Пелагонија“.

Покрај тоа, ќе биде набавен и мебел за сите студентски домови во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП