Вкупниот промет на Македонската берза во петокот изнесуваше 6,5 милиони денари, се тргуваше со 16 хартии од вредност и се реaлзираше во 39 трансакции.
Индексот МБИ10 порасна за 0,18 отсто, додека ОМБ остана без промена.
Најголем поединечен пораст оствари акцијата на Стопанска банка Битола (СБТ) и тоа 6,80 отсто.
Се истргуваа 366 лотови по просечна цена од 1.100 денари. На спротивната страна се најде акцијата на Окта АД каде само со 5 истргувни акции цената се намали за 9,55 отсто.
По пауза од неколку недели повторно блок трансакција со акцијата на Скопски пазар (СПАЗ). Се истргуваа 450 акции по цена од 8.449 денари.
Инаку, во класичното тргување поминаа само пет акции по цена од 8.202 денари.