3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРамстор отвора нов маркет во Скопје Сити Мол

Рамстор отвора нов маркет во Скопје Сити Мол

ramstore33

Нов Рамстор маркет во рамки на трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе биде отворен во април, на површина од 4648 метри квадратни, а во кој ќе се вработат околу 100 луѓе.

Како што велат од компанијата стратегијата за ефикасен раст на Рамстор во земјата опфаќа постојано ширење во малопродажниот сектор преку отворањето на нови маркети, покрај постојаните кои беа отворени во Скопје, Куманово, Тетово, Струга, Охрид и Кичево.

Рамсторе кој во Македонија почна да функционира на 11 Јуни 2005 година, е синџир на  најголемата компанија за интернационални малопродажни супермаркети на Мигрос Тиџарет А.Ш. во Турција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП