19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПораст на прометот на трговијата на мало во минатата година

Пораст на прометот на трговијата на мало во минатата година

trgovija malo 2993

Според дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика, прометот во трговијата на мало, во 2015 година, во одредени групи бележи раст, а пак во другите пад.

Раст е остварен особено во групите/класите: Трговија на мало со непрехранбени производи, освен горива и Трговија на мало, освен горива, додека реално прометот во трговијата на мало бележи опаѓање во групите/класите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, Трговија на мало со непрехранбени производи, освен горива, Трговија на мало, освен горива и Трговија на мало со моторни горива.

Индикаторите за промет во трговијата го мерат прометот во трговија на големо и трговијата на мало и тоа  во форма на номинални и реални (ценовно прилагодени) индекси, а не во апсолутни износи. Поради тоа, индикаторите служат исклучиво за следење на динамиката (развојот), а не за оценка на нивото на прометот.

Податоците што се објавуваат се дефинитивни податоци пресметани врз база на 2010 година (базна година) и во споредба со ист месец од претходната година. Пресметаните индекси не се прилагодени (сезонски, календарски и по работни денови).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП