16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКвадрат во Скопје лани чинел 52.916, во другите градови 33.243 денари

Квадрат во Скопје лани чинел 52.916, во другите градови 33.243 денари

станови

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната цена на 1 м2 станбена површина во 2015 изнесуваше 46 085 денари, што е за 0.9% помалку во однос на 2014.

Во Скопје, просечната цена на 1м2 изнесуваше 52 916 денари што е за 1.8% помалку во споредба со 2014 година, додека во останатите населени места во државата таа изнесуваше 33 243 денари, што е за 0.8% помалку во споредба со 2014.

Што се однесува до просечната цена на 1м2 во второто полугодие од 2015, таа е намалена за 2.7% во однос на првото полугодие, а во Скопје намалувањето изнесува 1.5%.

Наведените просечни цени на 1 м2 станбена површина се без данок на додадена вредност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП