9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален растот на британската економија за наредните две години

Намален растот на британската економија за наредните две години

london_large

Очекувањата за раст на британската економија во оваа и следната година беа намалени од Британската комора за трговија.

Институцијата очекува раст на економијата од 2,2% во оваа година во однос на досегашните проекции за 2,5%, како и 2,3% за следната при очекуваните 2,5% од порано. За прв пат беше направена и прогноза за 2018-та година, според која втората најголема економија во ЕУ се очекува да порасне за 2,4%.

Причина за намалувањето на очекувањата е доцнењето на светската економија, кое е поголемо од предвидувањата.

„Поголемото забавување од досегашните очекувања во повеќето од секторите на британската економија се одразува на светското забавување, предизвикано од ниската продуктивност и геополитичките ризици. Треба да се направи повеќе за да се стимулира извозот во Велика Британија“, се вели во извештајот на организацијата.

„Нашата прогноза треба да е сигнал за будење. Презентацијата на британската економија до моментов е релативно добра, споредена со таа на конкурентските економии, но е медиокритет, споредено со историските трендови“, смета Адам Маршал, управен директор на институцијата.

Трговскиот дефицит на Британија останува висок, а недостасуваат знаци за неговото намалување во наредните три години. Во свет на турболенција, фокусирање на подобрување на инфраструктурата, намалување на бариерите на бизнис инвестициите и стимулирање на извозот, може да е добра формула за успех, сметаат уште од Комората.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП