4 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДимитриев: Невработеноста намалена на 24,6 отсто

Димитриев: Невработеноста намалена на 24,6 отсто

emilco 333

Падот на невработеноста во Македонија на 24,6 отсто е резултат на реализација на програмата и на ветувањата дадени кон македонскиот народ за намалување на невработеноста која што е една од најважните приоритети на Владата, смета премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев.

Тој, по средбата со раководството на Агенцијата за вработување и раководителите на центрите за вработување, рече дека за само година, нвработеноста е намалена за три отсто и се отворени повеќе од 20.000 работни места на ниво на држава.

„Намалувањето на невработеноста е резултат на повеќе реализирани мерки и политики на Владата. Повеќе институции беа вклучени во оваа активност, но најзаслужна е Агенцијата за вработување“, рече Димитриев.

Во изминатиот период се реализирани многу вработувања, според Димитриев, како резултат на комуникацијата помеѓу оваа институција со компаниите заинтересирани за ангажирање нова работна сила.

Според договореното, во иднина ќе се стимулира практиканството кај компаниите на се поголем број средношколци, но и млади со завршено високо образование, што ќе ќе помогне компаниите да се запознаат со потенцијалниот кадар што е на располагање, а добиената пракса на вклучените лица ќе им помогне полесно да се снајдат на пазарот на трудот.

Димитриев очекува во иднина да има дополнителен пад на невработеноста бидејќи се најавени повеќе странски и домашни инвестиции и зголемување на обемот на работата на постојните компании.

„Оваа состојба ќе влијае и на дополнително зголемување на платите на вработените кои во овој период бележат пораст, но тој пораст ќе биде се поголем како што ќе се намалува процентот на невработеноста“, изјави Димитриев.

На средбата со претседателот за спроведување на изборите присуствуваа заменик-министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски и раководителите на подрачните единици на АВРМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП