21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит од еуфорија до разочарување

На Волстрит од еуфорија до разочарување

wall street3300009

На Волстрит во четвртокот берзанските индекси останаа речиси непроменети, откако Европската централна банка (ECB) ги намали каматните стапки, но порача дека натамошните кастрења на каматите се малку веројатни.

Индексот Dow Jones ослабе за 0,03 отсто, на 16.995 поени, а Nasdaq индексот за 0,26 проценти, на 4.662 поени, додека индексот S&P 500 зајакна за 0,02 отсто, на 1.989 индексни поени.

На почетокот од четврточното тргување цените на акциите значително пораснаа бидејќи ECB, како што се очекуваше, дополнително ја олабави монетарната политика. Така, клучната каматна стапка ја намали од 0,05 на нула отсто, додека каматата на депозитите на банката дополнително ги спушти во негативната област, од минус 0,3 на минус 0,4 отсто.

Инвеститорите беа охрабрени и од зголемувањето на програмата на ECB за купување обврзници од досегашните 60 милијарди на 80 милијарди евра месечно, што би требало да го поттикне кредитирањето и растот на економиите во еврозоната, а да ја придуши дефлаторната закана.

Меѓутоа, цените на акциите на европските берзи, а потоа и на Волстрит остро паднаа, откако претседателот на ECB, Марио драги, на прес-конференција рече дека во идната банката ќе ги намали каматите само во вонредни околности. Така порача дека циклусот на намалување на цената на парите е завршен, што ги разочара вложувачите кои очекуваа вообичаена порака дека натамошните кастрења се можно доколку тоа е неопходно.

Истовремено вложувачите ги уплаши можноста дека рекордно ниските камати во Европа ќе предизвикаат слабеење на курсот на еврото, што би им наштетило на американските банки и извозот.

По изјавата за намалување на каматите на ECB, курсот на еврото прво падна за 1,6 отсто, на 1,0820 долари, за по пораката на Драги да скокне на 1,1215 долари. Таквите остри осцилации на курсевите не се забележани одамна.

Лошо на пазарот влијаеше и падот на цената на нафтата за повеќе од 2 отсто, по вестите дека е малку веројатно оти најголемите произведувачи ќе одржат состанок за намалување на производството, доколку не учествува и Иран.

Од друга страна, пак, на Волстрит поддршка му дадоа добрите показатели на американскиот пазар на труд, што ги отстрани стравувањата од рецесија во најголемата светска економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП