16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија предвиде нулта инфлација на годишна база во февруари

Германија предвиде нулта инфлација на годишна база во февруари

infa 33

Германија предвиде нулта инфлација на годишна база во февруари, покажуваат финалните податоци на германската статистичка служба „Destatis“. Тоа го потврдуваат вредностите, објавени во почетокот на месецот. Инфлацијата во првиот месец од годината беше 0,5% отсто.

„Развојот кај цените на енергијата имаше негативен ефект врз целокупниот раст на потрошувачките цени од јули 2014-та година. Во февруари тие се намалуваат за 8,5% во споредба со една година порано и падот се забрзува во споредба со претходните месеци“, велат од „Destatis“.

Резултатите за февруари се далеку од зимските прогнози на Европската комисија, која очекуваше 0,5% инфлација на годишна основа за 2016-та година.

nultata 33344

На месечна база цените растат со 0,4% и се совпаѓаат со прелиминарните податоци, така што покажале подобрување во однос на падот од 0,8% во јануари.

Месечниот раст се должи во голема мера на сезонски фактор, како зголемување на цените на услугите за одмор (+ 9%), овошјето и зеленчукот (+ 2%) и не трајните градинарски производи (+ 1,4%).

Поединечниот хармонизиран индекс за инфлација (HICP), кој се користи при споредбата со останатите европски економии, предвиде значителен пад од 0,4 до -0,2% на годишна основа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП