10 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАДраги ги собори светските акции

Драги ги собори светските акции

0905_mario_draghi_630x420

Акциите на Волстрит и европските берзи денес имаа стрмоглав пад откако претходно скокнаа по новите поттикнувачки мерки на Европската централна банка (ЕЦБ).

По објавата на новите мерки на ЕЦБ, индексите на главните европски берзи нагло скокнаа и до три проценти, за потоа попладнето да паднат во голем минус.

Германскиот берзански индекс DAX падна за 2,4 проценти, британскиот FTSE 100 за 1,8 проценти, францускиот CAC-40 за 1,7, а европскиот Stocks 50 за 1,2 проценти.

Волстрит денот го започна во плус, но индексите набрзо паднаа надоле со објавувањето на неубедливите извештаи за заработките на корпорацијата, како и падот на цената на нафтата. Индексот Dow Jones е во минус 0,6 проценти, Standard & Poor’s 500 0,4 проценти, а Nasdaq 0,5 проценти.

Американската нафта е со загуба од два проценти на 37,53 долари по барел, додека нафтата брент во Лондон загуби 2,4 проценти и вреди 40,1 долари по барел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП