2 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИрскиот БДП порасна за 7,8 проценти

Ирскиот БДП порасна за 7,8 проценти

dablin1

БДП на Ирска пораснал за 7,8 проценти во минатата година благодарение на што втора година по ред се задржи на позицијата најбрзо растечка економија во Европската унија.

Во последниот минатогодишен квартал, БДП на Ирска порасна за 2,7 проценти во однос на растот од 1,5 проценти од претходниот квартал, соопшти ирската канцеларија за статистика, пренесува агенцијата Ројтерс.

„Замавот всушност зајакна во последниот квартал. Ваквите податоци се значително над сите очекувања. Нема да оствариме иста стапка во 2016 година но секако дека и оваа година ќе има голем замав и ќе го надминеме остатокот во Европа“, изјави економистот Дермонт Олери.

Ирска брзо закрепна од меѓународниот пакет помош договорен во 2010 година, и нејзината економија во 2015 година имаше корист од падот на невработеноста, силните резултати во малопродажбата и слабото евро кое му даде поддршка на извозниот сектор на Ирска.

Ирскта влада прогнозираше дека растот на БДП ќе надмине седум проценти во минатата година, додека официјалната проекција за 2016 година ја утврди на 4,3 проценти, наведува британската агенција.

Приватната потрошувачка во Ирска, според објавените податоци, пораснала за повеќе од три проценти во минатата година, што укажува на силна домашна побарувачка.

За споредба, економијата на еврозоната минатата година порасна за околу 1,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП