8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдрони на неколку патни правци

Одрони на неколку патни правци

ODRON NA PUTU VALJEVO-LOZNICA

Сообраќајот на патните правци низ државата се одвива без забрани, по влажни коловози. Слаб дожд врне во Крива Паланка,Страцин и Смојмирово.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

На патниот правец Кочани – Делчево поради одрон со голема количина на материјал,сообраќајот е во прекин и се работи на расчистување. Како алтернатива може да се користи патот Виница – Смојмирово – Делчево.

Од четвртокот, општинскиот пат с. Долни Полог- с. Облешево пред Кочанска река е во прекин поради прекопан коловоз и е направен канал за одводнување на надојдена атмосферска вода од врнежи на дожд.

Според информација од ДЦС МВР од 12:20 часот на регионалниот пат Берово – Виница кај м.в. Обозна поради одрон на камења сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.

Поради одрони на пат на Виничка раскрсница помеѓу с.Истибања и с. Калиманци блокиран е сообраќајот во двата правца. Сообраќајот се пренасочува преку Виница.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП