27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААкцијата на Алкалоид АД најтргувана

Акцијата на Алкалоид АД најтргувана

mk berza kke

Речиси 50 отсто од вкупниот промет на денешното тргување беше направенo со акцијата на Алкалоид АД Скопје.

Вкупно 756 акции се истргуваа по просечна цена од 5.346 денари (+0,06%). Втора најтргувана хартија беше акцијата на Комерцијална банка со промет од над милион денари. Просечната цена по која се тргуваше беше 2.360 денари (+0,26%).

Во четвртокот повторно помина блок трансакција со акцијата на Макпетрол, се истргуваа 103 акции по цена од 17.075 денари. За потсетување, минатиот четврток исто така имаше блок трансакција со МПТ, каде преку блок трансакција се истргуваа 867 акции по цена од 17.000 денари.

Вкупниот промет денес изнесуваше 8,6 милиони денари и се реализираше преку 44 трансакции. Индексот МБИ10 порасна за 0,30% и моментално изнесува 1.804,11 индексни поени, додека индексот ОМБ остана без промена на вредноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП