24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел и Ципрас против затворањето на балканската рута

Меркел и Ципрас против затворањето на балканската рута

cipro-merkel

Германската канцеларка Ангела Меркел во четвртокот во разговорот за јавниот сервис MDR го критикуваше затворањето на ткн балканска бегалска рута, истакнувајќи дека проблемот мора да биде решен во договор со сите членки на Европската унија, откако претходно нејзиниот грчки колега Алексис Ципрас, исто така, жестоко го критикуваше фактички затворањето на границите.

„Проблемот не е решен откако ќе се донесе една одлука“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел за радиото MDR критикувајќи ги одлуките на земјите од ткн балканска рута, меѓу кои и Македонија, да ги затворат границите за поминување на бегалците, во страв дека тие ќе останат на нивните територии, откако прва таквата одлука ја донесе Австрија којашто минатата година прими 90.000 баратели на азил, а за годинава ја лимитираше таа бројка на 37.500.

„Ситуацијата мора да биде решена трајно и одржлив. Доколку не ни појде од рака со Турција да изнајдеме трајно и одржливо решение. Грција нема да биде во состојба долготрајно да се носи со тој товар“, рече Меркел посочувајќи на договорот меѓу ЕУ и Турција.

Германската канцеларка критикуваше дека одлуката е донесена без Грција и нагласи дека мора да се најде решение кое ќе им помогне на сите 28 земји членки на ЕУ.

Од друга страна, грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави претходно дека на овој начин Европската унија нема иднина, критикувајќи ја исто така одлуката на ЕУ поради која во Грција се блокирани во моментов неколку десетици илјади имигранти и бегалци.

Меркел тврди дека поради затворањето на ткн балканска рута во моментов многу помалку бегалци доаѓаат во Германија, но укажа на тоа дека тоа не е решение, бидејќи со тој товар сега Грција мора да се носи самата.

„Недозволен е ставот кој оди во насока во 27 земји да се отарасиме од проблемот и убаво да се опуштиме, и само една земја да ја оставиме на цедило со нејзините проблеми“, рече Меркел алудирајќи на Грција.

Но дополнителен проблем создава турскиот став дека нема да ги прими назад имигрантите коишто веќе на грчките острови, што во четвртокот го порача и турскиот министер за европски работи, Волкан Бозкир.

„Турскиот предлог не се однесува на мигрантите кои во моментов се наоѓаат на грчките острови“, рече министерот во разговор за агенцијата Anadolu, додавајќи дека реадмисијата нема да се движи во милиони туку во десетици илјади лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП