19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворен конкурсот за Наградата од ЕУ за истражувачкото новинарство

Отворен конкурсот за Наградата од ЕУ за истражувачкото новинарство

noinarstvo

Сите новинари кои во 2015 година продуцирале и објавиле истражувачки стории кои известуваат за општествени прашања поврзани со злоупотреба на моќта и прекршување на основните права, корупција и организиран криминал во земјава, може да се пријават на конкурсот за Наградата од Европската Унија за истражувачкото новинарство, што ќе биде отворен до 30 март 2016 година.

Целта на Наградата која е воспоставена од Европската Комисија, е да ги истакне и промовира извонредните достигнувања на новинарите истражувачи и да ја подобри видливоста на квалитетното истражувачко новинарство во земјите од Западен Балкан и во Турција.

Од оваа година се воведува нова категорија за „најдобра истражувачка сторија од млад новинар“, со цел да се промовираат младите генерации новинари истражувачи.

Годишниот награден фонд за секоја земја изнесува 10.000 евра. Во секоја држава ќе бидат наградени од една до три истражувачки приказни, а поединечните награди ќе изнесуваат од 3.000 до 5.000 евра. Процесот на доделување на наградата го администрира партнерство на граѓански организации координирани од Мировниот институт во Љубљана, а Македонскиот институт за медиуми е одговорен за организирање на конкурсот во земјава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП