27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата близу 41 долар

Цените на нафтата близу 41 долар

naf 33

Цените на нафтата се задржаа во четвртокот на меѓународните пазари во близина на нивото од 41 долар за барел, имајќи предвид дека меѓу вложувачите по оптимизмот во врска со договорот меѓу произведувачите за замрзнување на производството завладеа претпазливост пред сезоната на одржувањето на рафинериите и очекуваната придушена побарувачка.

На лондонскиот пазар цената на барелот падна за 32 цента во однос на затворањето на претходниот трговски ден, и изнесуваше 40,75 долари. Во средата го затвори тргувањето со плус од 1,41 долар. На американскиот пазар, пак, немаше позначителни промени во цената и со барелот се тргуваше по 36,51 долар, откако претходниот ден на затворањето беше во плус од 1,79 долари.

Одвоено Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) во четвртокот објави дека цената на барелот на референтната нејзина кошничка нафта во средата изнесувала 35,05 долари, што значи дека останала речиси непроменета во однос на претходниот трговски ден.

Во средата пазарите ги поткрепија надежите дека големите производители веќе во текот на март ќе одржат состанок на кој би можеле да се договорат за замрзнување на производството, кое изминатиот период беше на невидено високи нивоа. Во четвртокот, пак, меѓу вложувачите завладеа претпазливост на почетокот од сезоната на одржувањето на рафинериите и очекуваната придушена побарувачка.

„Гледано од перспектива на фундаментите, се очекуваше дека цените ќе тргнат благо надолу, бидејќи влегуваме во периодот на сезонските работи на одржувањето на рафинериите. Очекуваме слабост на физичкиот пазар имајќи го предвид слабеењето на побарувачките од рафинериите“, толкува Вирендра Чухан од „Energy Aspects“.

Глобалната побарувачка на сирова нафта вообичаено слабее во периодот на пролетните сезонски работи на одржувањата во рафинериите, за потоа налето повторно да зајакне имајќи го предвид почетокот на сезоната на патувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП