9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочна изградбата на нова градинка во Аеродром

Почна изградбата на нова градинка во Аеродром

lopatki 353

Денeска почна да се гради нова детска градинка во општина Аеродром.

Новата детска градинка, која се очекува да биде изградена за седум месеци, ќе има капацитет за над 250 дечиња и ќе биде изградена во рамки на клонот „Чекорче“ со средства од Буџетот на Општина Аеродром во висина од околу 30 милиони денари.

Според проектот, објектот ќе ги исполнува сите неопходни стандарди за ваков тип на институции и ќе овозможи современи услови за згрижување и престој на деца од претшколска возраст.

Објектот ќе содржи шест големи занимални на приземје и три на катот, односно вкупно девет занимални, простор за прием, кујна, санитарни јазли, административен простор и подрумски простории и сето тоа на површина од 1.700 квадратни метри.

Градинката ќе биде опремена со креветчиња, масички, столчиња, плакари, нагледни средства и играчки. Објектот ќе биде енергетски ефикасен, а материјалите за изградба ќе бидат еколошки прифатливи.

Со изградбата на новата детска градинка, како што рече градоначалникот на Општина Аеродром Ивица Коневски, се очекува да се задоволи потребата од поголем капацитет за згрижување на децата, која е реална со оглед на зголемениот број.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП