11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајскапите градови за живот

Најскапите градови за живот

singapore(8)333

Сингапур ја предводи листата на „Economist Intelligence Unit“ (EIU) на најскапи градови за живеење во светот. Оваа метропола се искачува на првото место по шестата позиција во минатата година.

Градот беше на 18-та позиција на листата пред десет години. Силната домашна валута, чија вредност скокна за 40 отсто во изминатата деценија, во комбинација со високите сметки за комунални услуги и високата цена на тоа да имаш сопствено возило, придонесоа за челната позиција на Сингапур во листата, според „EIU“. Градот е и најскапото место во светот во кое може да купувате облека.

Париз, Осло, Цирих и Сиднеј ги дополнуваат Топ 5 на табелата. Токио – најскапиот град за живот во 2013-та година, оваа година го зазема шестото место – рамо до рамо со Каракас, Женева и Мелбурн. Во Топ 10 е и Копенхаген.

Високите трошоци за храна се една од главните причини за паѓање на азиските градови во овогодинешната листа. Глобално истражување на цената на животот, извршено од „EIU“ што се објавува два пати годишно, споредува над 400 индивидуални цени за 160 производи и услуги, вклучувајќи храна, облека, домаќинство прибор, кирии, транспорт и цени за комуналии. За база на споредбата се користи Њујорк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП