20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоранешни војници ќе се вработат во државните институции

Поранешни војници ќе се вработат во државните институции

vojnici pro 33

Владата донесе одлука и акциски план согласно кои 112 поранешни припадници на професионалниот состав на АРМ, ќе бидат вработени во рамките на државните институции.

Се работи за 112 поранешни професионални војници на кои им престанала службата во АРМ поради исполнување на старосната граница заради навршени 35, односно 38 години возраст, кои што по исполнувањето на професионалниот договор останале невработени, а врз основа на законот поднеле барање за вработување и ги исполниле условите од законот за да бидат вработени.

Според планот, 19 лица ќе бидат вработени во институциите на Министерството за здравство, 19 ќе бидат вработени во рамките на Управата за извршување на санкции, 45 поранешни професионални војници ќе бидат вработени во Министерството за правда и во судската полиција, а 29 во Министерството за одбрана, а потоа дел ќе останат таму, додека дел согласно потребите од останатите институции и взаемната согласност, ќе бидат прераспределени и во други државни институции.

Предвидено е лицата да бидат вработени на работни места кои се соодветни на нивните образовани и професионални квалификации, а при определувањето на работното место е водено сметка за територијалниот аспект, односно е овозможено овие лица да бидат вработени во најблиска средина во однос на местото на нивното живеење.

Војниците ќе добијат решенија за вработување најдоцна во текот на почетокот на следната недела.

Со ова, согласно законот, се вработува и последната група на поранешни професионални војници што практично значи и исполнување на последното барање на професионалните војници од аспект на решавање на нивниот статус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП