6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтолбчиња и спуштени рабници за велосипедската патека на булеварот Илинден

Столбчиња и спуштени рабници за велосипедската патека на булеварот Илинден

велос

Екипите на Градот Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ деновиве поставуваат столпчиња по должината на велосипедската патека на булеварот Илинден, ги преместуваат автобуските станици и другите физички препреки и ги спуштаат рабниците при влезот во крстосниците, за да се овозможи непречено движење на велосипедистите.

Велосипедската патека по должината на булеварот Илинден е дел од рутата 1 од сложениот проект „СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД 2017“, која овозможи поврзување на Гази Баба, преку центарот на градот со Карпош.

Во текот на 2015 година беа изградени и реконструирани и велосипедските патеки на улицата Ѓорче Петров, од булеварот Македонска војска до мостот за Сарај; на булеварот Крсте Мисирков, од Адвокатската улица до Кеј „Димитар Влахов“; на булеварот Крсте Мисирков, од булеварот Гоце Делчев до Бит-пазар и на булеварот Кузман Јосифовски Питу, од Железничката станица до булеварот Кочо Рацин, од двете страни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП