7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДраги шокираше: Мерките уште порадикални, берзите растат!

Драги шокираше: Мерките уште порадикални, берзите растат!

penkalo evro 353

Целосно очекувано, Европската централна банка повторно ја намали каматната стапка во еврозоната од досегашните 0,05 на нула, во обид да го стимулира растот, а во исто време гласаше за зголемување на програмата за откуп на средства.

Ова е втор обид на финансиската институција во оваа година да се бори со негативната инфлација во регионот. Банката го зголеми обемот на купување обврзници до 80 милијарди евра месечно наспроти досегашните 60 милијарди евра. Во исто време негативните камати на депозитите беа намалени од -0.3% до -0.4%.

Еврото реагираше силно на негативните податоците, така што се намали до ниво од 1.0830 во однос на доларот, откако пред објавувањето на одлуката се тргуваше при ниво над 1,09.

Фјучерсите на европските и американските индекси исто така се зголемија силно. Германскиот „DAX“ помина за момент повторно над психолошката граница од 10.000 поени, а потоа се врати под неа. Отворање со над половина процент нагоре покажуваат и фјучерсите на широкиот американски индекс „S&P 500“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП