19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSociete Generale ги продлабочува отпуштањата во единицата за трговијата на мало

Societe Generale ги продлабочува отпуштањата во единицата за трговијата на мало

societe generale nova

Француската „Societe Generale SA“ планира да ги продлабочи отпуштањата во основната единица за малопродажба во татковината како дел од поширокиот план за намалување на трошоците, откако се повеќе клиенти преминуваат кон користење на онлајн банкарските услуги, пишува „Bloomberg“.

До 2020-та година банката има намера да елиминира 550 работни позиции со поддршка на функции во банкарството на мало, како обработката на кредитните барања, на пример, истовремено ќе се обиде да спречи доброволно напуштање.

Пред извесно време „Societe Generale“ објави план се намалување на 2 илјади вработени, или 7 отсто од работната сила во банкарството на мало.

Европските банки се под притисок да го намалат бројот на своите гранки, откако се побрзо клиентите преминуваат кон користење на онлајн услуги.

Втората најголема француска банка по големина на пазарна капитализација планира да ја намали внатрешната мрежа за 20% до 1.800 до 2020-та година, кредиторите ќе инвестираат 1,5 милијарди евра за дигитални услуги, бидејќи целат кон привлекување на нови 100.000 клиенти годишно.

Во 2015-та година банката заработи 4 милијарди евра во споредба со нето добивката од 2,692 милијарди евра во 2014-та година. Вкупните приходи забележаа раст до 23,2 милијарди евра, а оперативните трошоци пад до 16,7 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП