9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИмигрантите во Италија низ даноци и придонеси повеќе плаќаат отколку што ја...

Имигрантите во Италија низ даноци и придонеси повеќе плаќаат отколку што ја чинат

5e1f9dfa79cbb691dd983f7a4729e6f75294f1bf9772c1d413a435e7f4596082

Имигрантите во Италија, кои потекнуваат од земјите надвор од Европската унија, како што е Македонија на пример, годишно преку придонеси уплатуваат 8 милијарди евра за разни придонеси, од што преку пензии и други бенефиции искористуваат само 3 милијарди евра, додека со остатокот од парите може да се алиментираат пензии за 600.000 италијански пензионери, покажуваат официјалните податоци на италијанското министерство за финансии.

Станува збор за статистички податоци за 2014 година, кои наскоро ќе бидат објавени во годишната брошура на министерството за финансии за Италија.

Претходно ги презентираше Роберто Гарифоли, шеф на кабинетот на министерот за финанси Карло Падоан, за да ја релативизира расправата за трошоците кои државата има поради имиграцијата и бегалците, велејќи дека за прашањето за односите меѓу трошоците и користа која на Италија тие ѝ ја носат треба да се зборува рационално и прагматично.

Освен 8 милијарди евра придонеси, неевропските доселеници во Италија годишно на државата ѝ плаќаат 6,8 милијарди евра даноци на доход, а основачите се или сопствениците на речиси петтина од новооснованите фирми, покажува податокот од истиот извор на министерството за финансии. Нивните издвојувањата во италијанскиот буџет низ потрошувачката, преку данокот на додадена вредност, исто така се над просекот, изнесе Гарофоли.

Според официјалните податоци, Италија има малку помалку од 60 милиони жители, вклучително и 5 милиони кои не се италијански државјани, но имаат дозвола за престој. Меѓу нив најмногу се доселеници од трети држави, оние надвор од ЕУ.

Од петте милиони законски имигранти, пак, околу четири милиони доаѓаат во прв ред од Албанија и источна Европа, како и северна Африка, јужна Азија и од Филипини.

Станува збор за помлада и работоспособна популација, којашто уште низа години ќе плаќа придонеси и даноци, што е значајно, бидејќи и Италија како и другите европски држави се соочува со феноменот на се постаро население, а тој тренд ги зголемува трошоците на генерациската солидарност, односно здравствените и пензиските буџети.

Во Италија во последните две години дошле 320.000 азиланти и други имигранти, најмногу преку нелегалните канали од северна Африка. Трошокот за управувањето со мигрантската криза и згрижување на бегалците и имигрантите во Италија, според Гарофоли, минатата 2015 година чинеле 3,3 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП