17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОдлуката на Siemens тешка за Германците

Одлуката на Siemens тешка за Германците

siemens1

Германскиот индустриски конгломерат Siemens најави укинување на околу 2.500 работни места во своите сектори за нафта, гас, метали и руда.

Со оваа одлука најмногу ќе бидат погодени работниците на „Siemens“ во Германија, јавува Ројтерс.

Компанијата истовремено ќе продолжи да ангажира нови работници за да ја унапреди дигиталната индустриска експертиза, наведува британската агенција.

Најголем дел од отказите ќе биде спроведен во Германија, каде околу 2.000 работници во „Siemens“ ќе останат без работа.

„Главна цел на планираните мерки е консолидирање на активностите и оптимизација на обемот на преработувачки локации во Европа со цел да се подобри конкурентноста во пазарното опкружување кое продолжува да биде тешко“, се наведува во соопштението на „Siemens“.

Како што наведува Ројтерс, „Siemens“ има намера во целиот свет да ангажира најмалку 25.000 нови работниви во секоја наредна година, благодарение на инвестирањето на повеќе од милијарда евра во истражување и развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП