22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит индексите зајакнаа со поддршката од цените на нафтата

На Волстрит индексите зајакнаа со поддршката од цените на нафтата

Wall-Street1

На Волстрит цените на акциите пораснаа во средата, а на нивната насока повторно најголемо влијание имаа движењата на цените на нафтата и на енергетскиот сектор.

Индексот Dow Jones зајакна за 0,21 отсто, на 17.000 поени, додека S&P 500 индексот порасна за 0,51 процент, на 1.989 поени, а индексот Nasdaq се зголеми за 0,55 отсто, на 4.674 индексни поени.

Најмногу во средата, за 1,5 отсто, порасна S&P индексот на енергетскиот сектор, благодарејќи на скокот на цените на нафтата на американскиот пазар за 5 отсто, на 38,24 долари за барел. Подемот на цената на нафтата го поттикнаа податоците за остриот пад на резервите од горивата во САД, што ги заживеа надежите на вложувачите во јакнење на побарувачката. Покрај тоа, цените се поддржани и од шпекулациите дека некои од најголемите светски производители ќе го замрзнат производството на енергенсот.

Така, и во средата беше продолжена корелацијата меѓу цените на нафтата и пазарот на акциите. Според податоците на „Wunderlich“, во текот на годинава цените на нафтата и на S&P 500 индексот само во шест трговски дена се движеле во различни насоки.

„Не станува збор за тоа дека нафтата стана барометар за глобалната економија. Многу нешта се поврзани со психологијата. Стабилизирањето на цените на нафатат во одреден период ќе овозможи прекин на оваа корелација меѓу цените на нафтата и пазарите на акциите“, вели за Reuters Арт Хоган, стратег во компанијата „Wunderlich“.

Позитивно на пазарот влијае и уверувањето на инвеститорите дека Европската централна банка (ECB) дополнително ќе ја олабави монетарната политика поради слабостите на економиите во еврозоната и дефлациските закани. Во четвртокот заседаваат челниците на ECB, а вложувачите очекуваат зголемување на негативните каматни стапки на депозитите, но и зголемување на износите на програмата за купување на обврзниците.

Попуштањето на монетарните политики вообичаено позитивно влијае врз пазарите на акциите, но постои опасност пазарот веќе да ги вградил во цените на акциите потезите на ECB можеби дури и поагресивни мерки отколку што централната банка е подготвена да преземе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП