15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМикл-Лајтнер: Балканската рута останува трајно затворена

Микл-Лајтнер: Балканската рута останува трајно затворена

bal ruta 33

Таканречената балканска бегалска рута, главниот премин за мигрантите кон северните европски држави, ќе остане трајно затворена, истакна австриската министерка за внатрешни работи Јохана Милк-Лајтнер за германскиот весник Die Welt од четвртокот.

Во средата Македонија ја затвори границата со Грција за илегалните мигранти, откако претходно Словенија, Хрватска и Србија најавија построги мерки за влегување на мигрантите на териториите на нивните држави, и откако кај преминот Табановце на македонско-српската граница останаа блокирани околу илјада бегалци.

„Мојата позиција е јасна: Балканската рута останува затворена, и тоа трајно“, порача австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер.

Додаде дека така јасен и цврст сигнал ќе ги одврати мигрантите од тоа од Турција да минуваат кон европските брегови. Микл-Лајтнер смета дека таквата одлука дава одлучен придонес за зачувување на стабилноста и редот за луѓето во Европа.

Таканаречената балканска рута преку којашто изминатиот период во Европа влегоа повеќе од милион мигранти, затворена е од полноќ во средата, а земјите коишто ги опфаќа ќе ги пропуштаат само мигрантите кои ќе побараат азил или имаат валидни документи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП