3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКанада на секој граѓанин ќе му дава доволно пари за живот?

Канада на секој граѓанин ќе му дава доволно пари за живот?

Hand painted flag of Canada with gold coins

Додека повеќето луѓе секој месец се борат како да ги покријат сите трошоци, канадската провинција Онтарио лансираше проект благодарение на кој сите граѓани на домашна адреса ќе добиваат чек со паричен износ доволен за да ги покрие сите нивни основни животни потреби.

Сличен експеримент со „бесплатни пари“ веќе применија Финска и Холандја, со цел да создадат ефикасна, оптимистична граѓанска класа.

Оваа идеја не е од вчера. За загарантиран месечен приход постои идеја уште од 60-тите. Надежите се големи во Здружението „Мрежа за основен приход“.

„Сакаме да го воведеме во цела Канада, Квебек е прв во играта. Сите треба да се вклучат во проектот, немаат никаква причина да пропуштат ваква прилика“, изјави претседателката на Здружението.

Властите во Онтарио сеуште не одлучиле кој ќе биде точниот износ и според кои критериуми ќе биде доделуван, но генерално го прифатија планот, па неговата примена е само прашање на време.

Во Финска секој жител добива приближно 800 евра месечно за сите животни трошоци, додека во одделни градови во Холандија тој износ достигнува и до 1.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП