19 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на „Творечки дострели во македонски дух“ од Стефан Влахов

Промоција на „Творечки дострели во македонски дух“ од Стефан Влахов

стефан-в

Во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“ во Паркот на книгите, во четврток, во 19 часот, ќе се одржи свеченост по повод 60-годишнината од раѓањето на проф. д-р Стефан Влахов-Мицов.

Во оваа пригода ќе биде промовирано неговото најново дело „Творечки дострели во македонски дух“, објавено во рамките на јубилејната програма на „Матица македонска“ од Скопје по повод 25-годишнината од основањето на оваа издавачка куќа. За делото на познатиот научник, книжевник и публицист беседа ќе одржи проф.д-р Весна Мојсова Чепишевска.

Стефан Влахов Мицов е автор на дваесет книги од областа на филозофијата, историјата, книжевната критика и есеистика. На македонски јазик ги објавил книгите: „Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет“, „Вируси за поматени мозоци“, „Хероите и потомците“, „Македонската еманципација на Балканот“, „Држава како се гради и брани“, „Филозофија на балканскиот пекол“ и „Балканска психологија- државници и марионети“.

Во 2006 година беше добитник на почесното Рациново признание,а во 2011 година ја доби меѓународната награда „Духовен воин“ на Македонските духовни конаци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП