12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКредиторите пристигнаа во Атина, ги „чешлаат“ проблематичните кредити

Кредиторите пристигнаа во Атина, ги „чешлаат“ проблематичните кредити

atina2

Делегацијата на меѓународните кредитори се врати во Атина на разговори со грчката влада, бидејќи договорот за отпис на долгот на Атина мора да биде постигнат пред летото.

Дека договорот мора да биде постигнат пред летото изјави европскиот комесар за економски прашања Пјер Московиси.

Официјалните лица кои ги претставуваат европските доверители и ММФ допатуваа вчера во Атина со цел да разговараат со грчките власти за планот за решавањето на прашањето за растечкото ниво на проблематични кредити и за реорганизирање на проблематичниот грчки пензиски систем, пренесува агенцијата АП.

Инспекторите од „тројката“ меѓународни кредитори – Европската унија, Европската централна банка и ММФ го следат напредокот на Атина во спроведувањето на условите и барањата во рамките на третиот меѓународен пакет помош за Грција.

Истовремено, Московиси во Париз изјави дека брзиот завршеток на преговорите во Атина ќе го „отвори патот“ за договор за отпис на долговите кој, како што оценува АП, веројатно ќе ги подобри условите за отплата на кредитите на Грција, но нема да донесе директно намалување на товарот од долгот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП