16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАQatar Airways најави директна линија до Скопје

Qatar Airways најави директна линија до Скопје

katari 3355

Компанијата „Qatar Airways“ објави дека ќе воведе 14 дестинации, а меѓу нив се најде и директната линија Доха-Скопје, но наскоро ќе бидат познати и плановите за патувања.

Покрај нашиот главен град, оваа авиокомпанија на своите корисници на услугите ќе им нуди летови во Европа (Пиза, Сараево, Хелсинки, Ница и во Скопје), шест во Африка (Маракеш, Виндхук, Дуала, Либревил, Лусака и Сејшели), две до Југоисточна Азија (Краби и во Чианг Маи – Тајланд) и Окленд во југозападниот Пацифик.

„Qatar Airways“ веќе на својот официјален „Twitter“ профил вчера му посака добредојде на главниот град на Македонија, истакнувајќи дека Скопје е приклучен на нивната мрежа.

katari 33

Директната авиолинија ќе отвори можност за брзо пристигнување во Македонија на потенцијални катарски инвеститори, богати бизнис луѓе и туристи кои сакаат на едноставен начин да дојдат до својата одредена дестинација.

Авионската врска меѓу Сараево и Доха значително ќе го олесни патувањето во Катар и на се поголемиот број државјани на Македонија кои живеат и работат во оваа земја, како и на оние кои сакаат да патуваат во земјите од Заливот.

qatarairways333555

По директните линии за Загреб и Белград, Скопје заедно со Сараево ќе бидат новите дестинации со кои Катар се поврзува со земјите од Балканот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП