26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина е виновна, таа го повлече цел свет со себе!

Кина е виновна, таа го повлече цел свет со себе!

kina ekonomija 3536

Слабото темпо на раст на кинеската економија и економска транзиција во оваа земја, се главните причини зад кои се крие силното забавување на глобалната трговија во 2015-та година.

Глобалната трговија порасна минатата година за 1,7 отсто, што е значително забавување во однос на растот од 3 проценти од 2014-та година, се наведува во најновиот извештај на Светската банка.

Таквото забавување на трговијата, која беше еден од клучните двигатели на економскиот раст во изминатите години, пред се е последница на цикличните промени, а особено за кризата на полето на раст на побарувачката за сировини во азиските земји во развој и во Кина, се довава во извештајот.

Зад тоа забавување, според оценката на СБ, се наоѓа почетокот на економската транзиција во Кина, и преминувањето од извозно ориенетираната економија на модел кој се базира на домашна потрошувачка.

„Балансирањето на кинеската економија ќе влијае на тренодвите во светската трговија“, порачуваат од Светска банка.

Во извештајот не се дадени проекции поврзани со растот на светската економија во 2016-та година, но Меѓународниот монетарен фонд неодамна изрази голема загриженост во поглед на глобалната економска активност и светската трговија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП