18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВрнежи од снег на Маврово, Пресека, Ѓавато, магла на Страцин

Врнежи од снег на Маврово, Пресека, Ѓавато, магла на Страцин

маглос

Сообраќајот на сите патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози, на повисоките места во западниот и југозападниот дел од државата наместа со остатоци од кашест снег на коловозот.

Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, Стража, Маврово, Ѓавато, Пресека и во Крушево. Намалена видливост поради појава на магла од 100 – 150 метри има на Страцин.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП