25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на прометот на Македонска берза

Раст на прометот на Македонска берза

mk berza

Преку две блок трансакции во средата се реализраа 51 отсо од вкупниот промет кој изнесуваше 20,2 милиони денари.

Вкупно 1.613 лотови се истргуваа со акцијата на Пекабеско, по просечна цена од 5.400 денари. Ова претставува 4,97 отсто од основната главнина на друштвото. Втората блок транскација беше со акцијата на ЗК Пелагонија, каде 1.000 лотови се истргуваа по цена од 1.650 денари.

Во класичното тргување лидер по прометот беше акцијата на Негорски бањи, каде се истргуваа 1.000 лотови по цена од 7.372 денари. Кај другите хартии немаше особени изненадувања.

Традиционално акцијата на Алкалоид АД Скопје беше најтргувана, со количество од 345 акции, по просечна цена од 5.343,01 денари. Додека најголем поединечен пораст оствари акцијата на Адинг АД Скопје, каде со 90 истргувани акции, имаше раст на акцијата од 9,32, отсто, по цена 340 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП