26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈенот зајакна поради умерената загриженост од ризиците поради Кина

Јенот зајакна поради умерената загриженост од ризиците поради Кина

jen-yen

Јапонскиот јен зајакна во средата на меѓународните валутни пазари, бидејќи инвеститорите беа по малку претпазливи во преземањето ризици, во атмосфера на зајакнатата неизвесност во поглед на забавувањето на кинеската економија по најновите слаби показатели.

Американскиот долар во таквата атмосфера на пазарите ослабе во однос на јапонскиот јен за дополнителни 0,2 отсто, на 112,44 јени, откако во вторникот се лизна за 0,7 отсто. Еврото, исто така, ослабе во однос на јенот, и тоа за 0,5 отсто, лизнувајќи се на 123,55 јени. Европската валута загуби 0,3 отсто и во однос на американската, на 1,0975 долари.

Иако инаку добива на вредноста во услови на зајакната неизвесност на финансиските пазари, еврото се најде под притисокот на продажбите пред редовната месечна седница на Европската централна банка (ECB) која ќе се одржи во четврток. Се очекува натамошно спуштање на каматните стапки во негативното подрачје, и најава за проширување на купувањата на капитал со цел да се поткрепи инфлацијата.

Оваа седмица добитник на валутните пазари беше јапонскиот јен, откако од Кина пристигнаа податоците за најсилниот пад на кинескиот извоз во февруари во последните повеќе од шест години.

Слабите податоци од Кина ги истакнуваат ризиците со коишто се соочува глобалната економија, а ги поддржуваат очекувањата за нови потези за ублажување на монетарната политика на седниците на централните банки, од онаа на ECB до оние во Канада и на Нов Зеланд.

„Слабите кинески податоци предизвикуваат аверзија кон ризикот, но постепено сé повеќе во прв план доаѓаат прилагодувањата на позициите пред утрешната седница на ECB“, вели Нилс Кристенсен, валутен стратег во банката „Nordea“.

Многу вложувачи сега очекуваат дека ECB ќе ги намали каматните стапки на депозитите на банките за дополнителни 0,10-процентни поени, на минус 0,4 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП