18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПрилепскиот Меѓународен карневал „Прочка 2016“ одбележува 15 години

Прилепскиот Меѓународен карневал „Прочка 2016“ одбележува 15 години

пропро

При крај се подготовките за 15-то јубилејно издание на меѓународниот карневал „Прочка 2016“, кој ќе се одржи на 13-ти март годинава во Прилеп, рече во средата градоначалникот Марјан Ристески.

Прилепскиот карневал, како и секоја година, и оваа ќе биде проследен со богата културно-уметничка програма, дефиле на маски, изложби, маскенбалски забави, најави Ристески.

„Во петок во ликовниот салон на Центарот за култира ‘Марко Цепенков’ свечено ќе биде отворена традиционалната изложба на цртежи и маски, на која со свои креации ќе учествуваат ученици од сите основни и средни училишта. Карневалот ќе започне во сабота, со детскиот карневал, со парада на жонглери, акробати, кловнови, мечкари и мажоретки во центарот на Прилеп“, посочи градоначалникот Ристески во својата изјава за медиумите.

Најавени се учества на групни маски од: Албанија, Србија, Бугарија, Хрватска, Словенија, Италија, како и маски од повеќе градови и населени места од Македонија – Струмица, Кавадарци, Вевчани, Сопот, Пробиштип, Берово, Охрид.

Оваа година, бидејќи се одбележува јубилеј од 15 години постоење, Општина Прилеп изготви монографија која дополнително ќе биде промовирана.

Со одлука на Советот на Општина Прилеп, за време на карневалот работното време на угостителските локали е продолжено за 2 часа, а за влез во сите кафетерии и дискотеки гостите задолжително треба да носат маска. Организаторите ги поканија сите добронамерници кои сакаат да доживеат нешто необично, величествено и хумористично да повелат овој викенд во Прилеп на меѓународниот карневал „Прочка 2016“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП