6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВо Штип отворен саемот на книгата на „Матица Македонска“

Во Штип отворен саемот на книгата на „Матица Македонска“

shtipos-saemos

Саемот на книги од „Матица македонска“, кој се одржува по повод јубилејот 25 години од основањето издавачката куќа „Матица македонска“ беше отворен во средата во Штип НУЦК „Ацо Шопов“ каде до 13-ти март на љубителите на книгата од овој универзитетски град ќе им биде понуден широк спектар на изданија од повеќегодишната богата продукција на реномираното македонско издаваштво.

Саемот го отвори градоначалникот на Штип, Илчо Захариев кој, меѓу другото кажа: „„Некои велат дека важноста на книгата се намалува со новите технологии, но не се согласувам о тоа. Книгата останува траен документ и нејзината вредност расте. Штип има одлични писатели, а впрочем ние сме во Домот на културата Ацо Шопов кој го носи името на еден од нашите најголеми поети. Мило ми е што денеска Матица Македонска изложува тука книги, бидејќи јас честопати велам, народ кој нема азбука е неписмен, а народ кој нема и не чита книги е прост народ. Ние имавме среќа што МПЦ низ годините организирала учителска и библиотечна дејност, вклучително и препишувачка, па затоа имаме и имаме и многу книги и многу писатели и тоа е гордост за нас како земја. Затоа и книгите треба да се читаат, вклучително и да се препрочитуваат за да се потсетиме се што сме заборавиле“.

„ Саемот на книгата е секогаш прекрасна можност да се најдат нови книги, да се отпочнат нови авантури и да се продолжи со една убава навика каква што е читањето на книги – изјави Миле Вратеовски, директор на НУЦК „Ацо Шопов“.

Во своето обраќање пред штипјани, Раде Силјан, сопственик на издаваштвото „Матица македонска“, им се заблагодари на домаќините за убавите зборови, ветувајќи многу културни настани поврзани со саемот:

„Драго ми е што сме во Штип,и сакам да се заблагодарам на градоначалникот, на Домот на културата, на библиотеката и на книжарницата „Мист“ за ова поддршка. Ова е град каде се родиле врвни македонски писатели по кои нашата литература во светот се препознава. Ние дојдовме до заклучок дека нема потреба сите културни настани да се одвиваат само во Скопје, како главен град, туку книгата треба да се приближи до сите читатели и затоа годинава Штип го избравме како прв град каде ќе направиме серија на саемски денови“ рече Силјан.

На саемот кој ќе трае пет дена, ќе бидат организирани промотивни активности на дел од истакнатите македонски писатели со нивните најнови дела: Ристо Лазаров, Трајче Кацаров, Борче Панов, Доне Донев, Благој Самоников и други.

Саемот на книга е реализиран и со голема поддршка од НУ-УБ „Гоце Делчев“ од Штип која пред еден месец исто така организираше саем на книги од едицијата 130 тома македонска книжевност кој помина доста успешно со голема посетеност./

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП