2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРегионалната соработка и унапредување на конкуретноста главна тема на првиот ден од...

Регионалната соработка и унапредување на конкуретноста главна тема на првиот ден од Копаоник бизнис форумот

sredba kopaonik 335

Првиот ден од традиционалниот Копоаник бизнис форумот, една од главните панел дискусии беше на тема „Регионалната соработка и унапредување на конкурентноста“, при што беше истакнато дека регионалната соработка е важна за напредокот на сите земји од западен Балкан поради тоа што имаат заеднички проблеми и воедно поради тоа што само како регион може да бидат конкурентни во привлекување на инвестиции.

Претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески, укажа дека е неопходна регионална соработка на економиите, додавајќи дека сé уште постојат многу сектори каде што таа не е започната. Во тој контекст, потсети дека не постои доволна поврзаност меѓу земјите, наведувајќи како пример дека нема директни авионски линии меѓу Скопје и Љубљана, како и Скопје и Тирана или Приштина.

„Зборуваме дека регионот ни е како буре барут. Некои велат дека не сме буре барут, туку дека има многу пиромани околу нас. Веќе три децении таа теза го преоптоварува Балканот, а компаниите кои дошле да инвестираат кај нас остваруваат пет пати повеќе профит отколку во сопствените земји”, рече Азески.

Претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж, рече дека продолжувањето со структурните реформи, борбата против корупцијата и другите предизвици кои претстојат, не се проблеми само на Србија и нема секоја земја да ги решава само на национално ниво, туку неопходно е тоа да се направи во соработка со регионот.

Чадеж истакна дека стопанските комори, во рамките на Берлинскиот процес, покренале иницијатива и го основале Инвестицискиот форум на Коморите, во кој се вклучени сите стопански комори од регионот па дури и членките на ЕУ, Хрватска и Словенија.

„Имаме заеднички непријатели, тие се лошата конкурентност на нашите компании, високата стапка на невработеност и сеуште недоизградениот деловен амбиент кој би овозможил стопанството повеќе да се развива”, објасни Чадеж.

Особено укажа на заедничкиот проблем со високата стапка на невработеност, која во просек изнесува 22 отсто во регионот, а посебно меѓу младите, чие учество во невработениte е дури 42 проценти.
Генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Горан Свилановиќ, истакна дека е тешко да се прецени важноста на регионалната соработка. Тој пренесе дека неодамнешниот собир на ЕБРД во Лондон покажа дека европскиот бизнис е сѐ помалку заинтересиран за поединечен пристап кон нашите економии а сé повеќе заинтересиран за регионот со целокупниот потенцијал кој го нуди. Потсети, притоа, дека постојат повеќе од три милјарди евра меѓусебни инвестиции во рамките на регионот, што е показател дека бизнисот е неколку чекори понапред од нивото на соработка на владите во регионот.
Претседателот на Стопанската комора на Црна Гора, Велимир Мијушковиќ, пак, истакна дека не го чуди фактот што бизнис заедницата е поголем оптимист од граѓаните во регионот во однос на прашањето за напредокот, затоа што стопанствениците знаат низ што поминуваа во последните две децении и пред сѐ дека не постои никаква соработка меѓу земјите.

Бизнисот, според него, бил задушен од секоја насока. Мијушковиќ укажа дека е охрабрен со повикот од премиерот на Србија Александар Вучиќ економијата да ѝ помогне на владата, додавајќи дека коморите со децении ги повикувале на соработка владите а дека тоа сега го прави политиката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП