18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританското производство се враќа кон раст во јануари

Британското производство се враќа кон раст во јануари

proizvodstvo vb 335

Британскиот производствен сектор се враќа на растот од 0,7% во јануари по три последователни месечни намалувања, соопшти Националната статистичка служба. Падот во декември беше 0,3 отсто.

Индустрија во Велика Британија доживеа големи флуктуации и беше особено слаба во последните квартали. Секторот настрада особено тешко поради слабата побарувачка во странство и зголемената глобална несигурност. Ова подобрување може да е сигнал за стабилизација, иако изгледите остануваат колебливи.

Генералното индустриско производство, кое вклучува производството на нафта и гас од Северното Море, се зголемува за 0,3% на месечна основа по пад од 1,1% во претходниот месец. Резултатот е малку под прогнозите на аналитичарите за раст од 0,4%.

Очекувано, на вредностите најмногу им отежнува ископувањето на нафта и гас, каде што има пад од 6,3% – најмногу од јуни 2014-та година. Заводот за статистика наведува дека неповолните климатски услови, исто така придонесуваат за падот.

Според денешниот извештај, индустриското производство во четвртиот квартал е ревидиран со еден процентен поен нагоре до -0,4%. Експертите сепак велат дека тоа нема да има значително влијание врз растот на БДП во последните три месеци од 2015-та година, кој беше 0,5%.

„Иако обновата во производствениот сектор е добредојдена, последните истражувања предупредуваат дека секторот доживува тешки времиња“, вели Хауарт Арчер од „IHS Economics“.

Според аналитичарот британската економија нема да порасне за повеќе од 0,4% во периодот јануари-март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП