2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCredit Agricole планира да го зголеми профитот до над 4,2 милијарди евра...

Credit Agricole планира да го зголеми профитот до над 4,2 милијарди евра до 2019-та

credit agricole 3535356

Третата најголема француска банка по големина според пазарната капитализација – „Credit Agricole SA“, планира да ја зголеми годишната добивка до над 4,2 милијарди евра во 2019-та година, така што ќе ги скрати трошоците и ќе го стимулира растот на осигурителниот бизнис и управувањето со средства. Покрај тоа банката ја потврди својата цел за исплата на дивиденди, пишува „Bloomberg“.

„Credit Agricole“ има намера да штеди по 900 милиони евра годишно, откако ќе заврши со пренесувања на инвестициите од еден бизнис кон друг.

Во 2015-та година кредитната институција оствари 3,5 милијарди евра, што е нејзината најголема добивка по 8 години.

56-годишниот извршен директор Филип Брасак кој ја презеде функцијата во мај, се обложува дека „Credit Agricole“ може да продолжи да расте во нивните главни пазари во Европа, иако мачните економии и рекордно ниските каматни стапки ја ограничуваат профитабилност на банките, како целина.

„Credit Agricole“ го држи најголемиот дел од кредитирањето во Франција. Нејзините осигурителни операции се меѓу најголемите во земјата, а го поседува и мнозинскиот удел во компанијата за управување со средства „Amundi SA“.

„Средината е полна со закани“, коментираше Брасак пред новинарите. „Транспарентноста“ е приоритет пред „Credit Agricole“ во однос на подобрувањето на претставувањето и извршување на природен раст, а се можни некои превземања во сферата на управувањето со средства.

„Credit Agricole“ ја задржува својата намера да генерира поврат на капитал од над 10% до 2019-та година, па пред доверителите си постави цел за просечен годишен раст на приходите од над 3 отсто до 2019-та година во делот за управување со заштеди во кој спаѓаат бизнисите со осигурување, управувањето со средства и приватното банкарство.

Француската банка сака да го одржува растот на приходите во корпоративното и инвестициско банкарство и во единицата за доверителски услуги од близу 2% годишно, откако пренасочи користењето на капиталот и бара начини да ги намали трошоците. Во рамките на корпоративното и инвестициско банкарство, таа планира да ја намали големината на ризичите средства со 12 милијарди евра, за да се спротивстави на ефектите од построгите прописи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП