2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на сопственикот на Zara забележа голем скок

Профитот на сопственикот на Zara забележа голем скок

Inditex

Годишниот профит на Inditex, сопственикот на Zara, изнесува речиси 500 милиони евра.

Нето профитот на „Inditex“ порасна за 15 проценти во однос на јануари минатата година, со сличен процентен раст на приходите.

Нето добивката на „Inditex“ исто така достигна 2,88 милијарди евра, покажа годишниот финансиски извештај на најголемиот светски ланец на продавници за облека.

Растот на добивката во компанијата му се препишува на релативно слабиот курс на еврото во однос на кошницата од 60 валути ширум светот во наведениот период.

Приходите во цела 2015 година се зголемени за 15,4 проценти, на 20 милијарди евра. Добивката пред оданочување изнесувала 4,7 милијарди евра, покажа извештајот.

Компанијата „Inditex“ која е во сопственост на милијардерот Амансио Ортега најголем дел од своите приходи ги остварува на странските пазари, а присутна е во 88 земји од светот.

Продажбата на пролетната колекција од модниот бренд „Zara“ помогна во зголемувањето на продажбата на другите брендови од компанијата во првите пет недели за 15 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП